Кина почна да користи вакцина против Ковид која се вдишува

од Vladimir Zorba

Шангај денеска почна да ја користи првата вакцина против Ковид-19 која се вдишува, а таа ќе биде бесплатна „бустер“ доза за луѓето кои веќе се вакцинирани, се вели во соопштението на кинеските здравствени власти.

Вакцинацијата против Ковид не е задолжителна во Кина, но властите сакаат што е можно повеќе луѓе да добиваат дополнителни дози пред да се олеснат строгите ограничувања како мерки за борба против пандемијата, која ја забавува економијата во време кога остатокот од светот го укина најголемиот дел од мерките.

На видеото, објавено на интернет од кинеската државна медиумска компанија, може да се видат луѓе кои сакаат да се вакцинираат како држат кратка пумпа до устата, го вдишуваат лекот и го задржуваат здивот пет секунди.

Новата вакцина може да заштити од вирусот дури и пред да стигне до остатокот од респираторниот систем, иако тоа делумно ќе зависи од количината на изложеност на вирусот.

Во септември, Кина ја одобри вакцината развиена од нејзината компанија CanSino Biologics како дополнителна доза.

Слични содржини