Кирацовски го прифати извинувањето на Азманов: Трендот на лажни вести мора да запре

од Vladimir Zorba

„После моето укажување и најавата на тужба за лажното информирање на јавноста и мое клеветење, господинот Азманов јавно се извини и побара повлекување на лажната вест“, пишува поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по повод изјавата претходно дека Кирацовски нарачувал текстови против него во еден медиум.

Азманов рече дека бил погрешно информиран и дека од трето лице дознал за наводното влијание на Кирацовски во медиумот.

„Жалам што мораше на овој начин, преку најави на тужби за клевети да се докажува вистината, но тоа е единствениот начин во нашето, со лажни вести заразено, општество. Сепак ова е светол пример на доблесно извинување.

И уште еднаш…Трендот на лажни вести мора да запре.

На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“, сподели Кирацовски на Фејсбук.

Слични содржини