Клиника Жан Митрев: Срамот и нападите кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите

од Nikola Popovski

Клиника Жан Митрев очекува јавен и транспарентен процес низ којшто ќе ја докажеме невиност во однос на обвинението и закажаното судење на д-р Митрев и Клиниката.

-Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен, велат од Клиниката.

Од таму потенцираат дека за време на Ковид пандемијата нивната клиника и персонал одиграле херојска улога.

– Овој срам и напади кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите.  Хемофилтрацијата како метод ја користевме за лекување на последици од Ковид, но не и како лек за Ковид. Бесмислени се наводите на ЈО во Обвинителниот акт.

Уште еднаш потенцираме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според сите меѓународни стандарди, транспарентно и во согласност со утврдени и дозволени методи за лекување. Се ова е го докажеме и на суд, а сметаме дека јавноста целосно не поддржува и пред нејзе нашата правичност е јасна, стои во соопштението од приватната клиника.

Слични содржини