Клинтон потврди дека повеќе нема да се кандидира на избори

од Nikola Popovski

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека нема повторно да се кандидира за претседател на САД.

Хилари Клинтон во интервју за американската мрежа „CBS“ изјави дека нема повторно да се кандидира на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.

„Меѓутоа, ќе направам се што можам за да обезбедиме да имаме претседател кој ја почитува нашата демократија и владеењето на правото и кој ги поддржува нашите институции“, рече Клинтон.

Таа посочи дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку повторно се кандидира, треба да биде „убедливо поразен“.

„Тоа прво треба да започне во Републиканската партија. Стиснете заби. Спротивставете му се“, рече Хилари Клинтон.

Таа најави дека ќе го поддржи актуелниот претседател Џозеф Бајден доколку тој се кандидира на изборите во 2024 година.

Фото: Carolyn Kaster, AP

Слични содржини