Клоп за Дијаз: Повеќе од среќен сум што решивме да потпишеме со него

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не го криеше задоволството од настапите на јануарското засилување на англискиот гигант – Луис Дијаз.

Колумбиецот на одличен начин му се приклучи на Ливерпул по трансферот за 45 милиони евра од Порто, а во победата од 3:1 против Бенфика во Лисабон во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите постигна асистенција и гол.

„Тој е врвен играч. Врвен фудбалер од светска класа. Среќен сум што работам со Луис секој ден и повеќе од среќен сум што решивме да потпишеме со него во јануари“, изјави германскиот стручњак по натпреварот, откако имаше само пофални зборови за 25-годишното колумбиско крило.

Слични содржини