Коалиција „ВРЕДИ“: Таравари собрал осум илјади потписи за еден ден

од Nikola Popovski

Коалицијата „ВРЕДИ“, составена од здружената албанска опозиција, синоќа соопшти дека нивниот кандидат за претседател, Арбен Таравари, во текот на вчерашниот ден собрал 8000 потписи од граѓаните.

-Иако ДУИ ги користеше сите механизми за притисок врз вработените во јавната администрација, беа потребни повеќе од три дена за да соберат исто толку потписи. Утре продолжува собирањето потписи за успешно завршување на овој прв чекор. Оваа позитивна енергија и голема волја за промена, ни дава надеж и радост, бидејќи овојпат промената навистина ВРЕДИ!, се наведува во партиското соопштение, објавено од страна на трите партии, БЕСА, Демократско движење и Алтернатива.

Самиот Таравари, синоќа на социјалните мрежи се пофали дека официјалното собирање потписи го започнал во текот на вчерашниот ден и стигнал до над 8.000 потписи.

-Тоа се потписи на слободата, без никакво наметнување, без никаквoналожување, туку се вашата чиста волја! Собирањето потписи продолжува и утре. Ова е нов рекорд и показател дека со ВРЕДИ промената започнала! Ви благодарам од се срце, објави градоначалникот на Гостивар.

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на Фејсбук објави дека ги собрал потребните 10 илјади потписи за кандидат за претседател. Најави дека во изборната трка ќе влезе со најголема сериозност и повика на позитивна кампања и натпревар со идеи и дела.

Според последните официјални податоци на Државната изборна комисија, по него се Димитриевски, Ванковска и Јакимовски.

Слични содржини