Кобна грешка во Италија: Жена добила астрономска сметка за вода, починала од шок

од Stefanija Kuzmanovska

Постара жена починала откако добила огромна сметка за вода, јавија денеска италијанските медиуми.

Катерина Џовинацо (88) починала во неделата откако од својата снаа дознала дека банката од нејзината сметка за сметката за потрошувачка на вода во периодот август-октомври ѝ одземала 15.339 евра, јавува АНСА.

Давателот на услугата, компанијата ИРЕН, подоцна наводно признал дека сметката е погрешна и дека жената потрошила само неколку кубни метри вода за вкупно 55 евра.

Локалните медиуми јавија дека семејството на трагично загинатата жена побарало расветлување на овој случај.

Слични содржини