„Кога слушнав за парите, само плачев“: Кејт Винслет донираше средства за тешко болно девојче

од Stefanija Kuzmanovska

Кејт Винслет донирала 17.000 фунти на мајка на која ѝ биле потребни овие пари за да ја плати сметката за струја, бидејќи нејзината ќерка користи медицински помагала кои трошат многу струја.

Како што јави Би-Би-Си, Керолајн Хантер била предупредена дека со ова темпо нејзината сметка може да ја достигне гореспоменатата висока бројка, а нејзината ќерка Фреј не може да ја исклучи од уредот бидејќи има хронични проблеми со дишењето поради церебрална парализа.

Керолајн не крие дека ѝ е многу благодарна на ѕвездата од филмот „Титаник“.

„Нашето семејно патување беше многу трауматично и едноставно се чувствував како да сум на крајот. Кога слушнав за парите, само плачев – мислев дека не се вистински. Сè уште размислувам, дали е ова реално?“, сподели Хантер.

Семејството Хантер живее во стан за кој плаќаат 6.500 фунти годишно за загревање и ракување со опремата за нивната ќерка, а мајката на девојчето нагласила дека обично го исклучуваат парното за да заштедат пари. Керолајн работи за просечна плата, а енергетската криза што го зафати светот ја загрижува бидејќи може да ја загрози нејзината ќерка. Покрај големата потрошувачка на струја, особен удар по џебот на семејството се и медицинските сестри кои се неопходни за да помогнат со Фреј.

Слични содржини