Кои ќе бидат новите директори на МЕПСО, ПИОМ, Железници….

од Берта Китинска

Заврши централното претседателство на „Алтернатива“.

-Така, после една плодна и аргументирана дебата, како што е пропишано во Статутот на Алтернатива, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ги предложи носителите на јавните функции, а Централното претседателство на Алтернатива унанимно го прифати неговиот предлог, соопштија од партијата.

Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;
Амир Елези – директор на Клиничката болница во Тетово;
Дритан Беџети – директор на ПИОМ;
Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“,
Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;
Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.

Од партијата велат дека на седницата биле избрани и носителите на некои други јавни институции, чии имиња ќе бидат објавени деновиве.

-На крајот претседателот Африм Гаши, честитајќи им на предложените носители најавни функции, побара од нив задачата што им е доверена да ја вршат со достоинство, почит и во согласност со политичките и етичките начела на Алтернатива, велат од Алтернатива.

Слични содржини