„Кој е вакциниран или кој има намера да го стори тоа, да не аплицира за работната позиција“

од Stefanija Kuzmanovska

Австриска компанија објави необичен оглас за вработување на Фејсбук.

Имено, додека се дискутира дали вакцината ќе биде услов за работа, како и дали обврската за имунизација ќе се воведе индиректно, некои работодавци очигледно не сакаат да ангажираат вакцинирани лица, бидејќи сметаат дека вакцината може да влијае на нивното здравје.

Компанијата за покриви „Хемер“ во австрискиот град Хајденрајхштајн бара нови работници, меѓутоа, пораката на компанијата е дека не сака лица кои биле вакцинирани против коронавирусот, или кои имаат намера да го сторат тоа.

„Кој се вакцинирал или кој има намера да го стори тоа, воопшто не треба да аплицира за работната позиција“, се наведува во огласот објавен на Фејсбук.

Сопственикот на компанијата, Питер Хемер, вели дека премногу малку се знае за вакцината и дека не сака да ризикува да ангажира некој што ќе биде болен по вакцинирањето.

„Има доволно извештаи за тоа на Интернет“, додаде тој, посочувајќи дека само откако ќе се вакцинираат австрискиот канцелар Себастијан Курц и целиот парламент, и тој самиот ќе подлежи на имунизација.

Слични содржини