Која крвна група живее најдолго?

од Stefanija Kuzmanovska

Знаеме дека крвната група влијае на целокупното здравје, секоја има свои карактеристики и слабости, но едната е убедливо најотпорна на сите болести.

Токму поради оваа причина, крвната група 0 се смета за најдолговечна. Имено, докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик од кардиоваскуларни заболувања како што се мозочен и срцев удар, како и дека помали се шансите да заболат од одредени видови на рак, како што се ракот на панкреасот и желудникот.

Една од досега откриените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што крвта од оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари се предизвикани од тромбови, пишува „Политика“.

Отпорноста на најопасни болести значи поголема шанса за долг живот.

„Изгледа интуитивно очигледно дека избегнувањето на болеста е дел од стратегијата да се живее до сто години. Но, на тоа поле постои многу силна догма дека кај стогодишниците целата корист доаѓа од гените против стареење“, изјави за магазинот „Тајм“ Стјуарт Ким, професор на Катедрата за биологија и генетика на Универзитетот Стенфорд, презентирајќи ги резултатите од истражувањето на неговиот тим пред неколку години.

Во потрага по тајната на долговечноста, тие ги испитале гените на 800 стогодишници и 5.400 90-годишници и откриле дека варијациите во четири гени се многу важни за темпото на стареење: CDKN2B, кој игра важна улога во клеточната делба, ABO , кој се однесува на типот на крвната група, APOE, кој влијае на склоноста на организмот да развие Алцхајмерова болест и SH2B3, која го продолжува животот на луѓето.

Како што објаснија, утврдиле дека одредени варијации на наведените гени почесто се јавуваат кај луѓе кои живеат до сто години, а кога станува збор за крвната група – таа била нулта.

Слични содржини