Колку калории можеме да согориме при пливање?

од Stefanija Kuzmanovska

Губењето вишок килограми е секогаш популарна тема во текот на летните месеци.

Добрата вест е дека со пливање, која е една од омилените активности во лето, можеме да согориме калории и да ослабеме. Според Shape, пливањето е активност која има корист за здравјето на многу начини, од зајакнување на здравјето на срцето до градење мускули, а исто така може да ви помогне да изгубите тежина побрзо.

Но, колку калории всушност можеме да согориме при пливање?

Како што објаснува тренерот на пливање Рошел Бакстер, пливањето во слободен стил согорува во просек 700 калории на час активност, што го прави еден од најефикасните стилови на пливање.

Градно согорува околу 700 калории, додека грбното согорува нешто помалку, односно 500 калории за еден час пливање. Делфин е најтешкиот стил на пливање во однос на интензитетот и со него можеме да согориме до 800 калории.

Бакстер исто така нагласува дека точниот број на калории што ќе ги согориме со пливање во голема мера зависи од интензитетот на пливањето, нашата телесна тежина, метаболизмот.

Ако некое лице тежи повеќе, ќе согорува повеќе калории бидејќи телото мора да работи понапорно за да придвижи поголема маса. Исто така, луѓето кои имаат изградено мускули ќе согоруваат повеќе калории бидејќи на мускулните клетки им треба повеќе енергија.

Слични содржини