Коронавирус и социјално дистанцирање: Во Шведска со пилешки измет ги растеруваат луѓето од парк

од Aleksandar Petrovski

Шведскиот град Лунд одлучи да распореди пилешко ѓубриво во Централниот парк во тој град за да спречи собири на луѓе за време на традиционалната Валпуршка ноќ, прослава што се одбележува низ цела Скандинавија.

На овие прослави обично се собираат многу луѓе, но оваа година властите сакаат да го спречат тоа поради епидемијата на вирусот Ковид-19.

– Лунд може да стане жариште на коронавирусот во последната вечер во април… Затоа ставивме тони ѓубрива во паркот. Со тоа ќе се наѓубрат тревниците, а миризбата ќе ги спречи масовните собири, рече Густав Лундблад – претседател на околниот Одбор за заштита на животната средина.

Прославата Валпуршка ноќ потекнува од паганските празници во минатото. Популарното, иако – неофицијално, славење може да привлече 30.000 луѓе од цела Шведска.

Слични содржини