Коронавирус низ светот: Каква е состојбата до 17 часот?

од Nikola Popovski

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 358.804 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 15. 433, а оздравеле 100.645 лица.

– Во Грција родено второ бебе од мјака заразена со коормнавирус

– Според податоците на австриското Министерство за здравство до 15 часот, во таа земја се евидентирани 3.924 случаи на заразени со коронавирус, додека бројот на починати се зголеми на 21 лице. Од почетокот на епидемијата, во Австрија се спроведнеи 23.429 тестови.

– Во Бугарија пријавени 11 нови случаи во изминатото деноноќие и сега во таа земја има вкупно 201 заболени од Ковид-19 и тројца починати.

– Австрија по првпат од Втората светска војна ги мобилизираше воените резервисти, откако тие побараа да се вклучат во борбата против коронавирусот.

– Бројот на лекари кои починаа од Ковид-19 во Италија се зголеми на 23, соопшти италијанската федерација на лекари. Од вкупно 23 починати, 19 работеле во најтешко погодениот регион во таа земја – Ломбардија.

– Европската комисија издаде упатства до државите членки на граничните премини да воспостават т.н. „зелени ленти“ со цел да се овозможи непречен промет на стока на единствениот европски пазар.

– Словенија потврди 442 случаи на заразени со коронавирус. земјата досега тестираше 13.812 лица.

– Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека сега е време за носење маски и дека согласно сегашната епидемиолошка ситуација има смисла тие да се носат и во затворен простор. Тој соопшти дека став на кинеските експерти кои допатуваа во Белград е да се носат маски.

– Мисијата на мировните мисии на ОН во јужен Либан соопшти дека еден од нејзините припадници е позитивен на коронавирус. Тој се наоѓа во целосна изолација во болница во накури. Во карантин се четворица припадници на мировната мисија кои имале контакт со него. Тројца се негативни, а за четвртиот се чекаат резултати.

– Уште двајца лекари починаа во Франција, откако вчера беше соопштено за прв смрт на лекар од Ковид-19 во таа земја.

– Германија забрани собир на повеќе од две лица на отворен простор доколку не се од исто домаќинство.

Слични содржини