Коронавирусот „коси“ во Велика Британија: 563 луѓе починале за 24 часа

од Nikola Popovski

Во Велика Британија, уште 563 смртни случаи беа потврдени во средата, како резултат на пандемијата на коронавирус. Со тоа, бројот на починати се искачи на 2.352.

„Ова е најголем пораст досега“, пренесува Скај Њуз.

Шкотска потврдила 16 смртни случаи, со што вкупниот број дошол на 76, а во Велс починале 29 луѓе, па така вкупниот број таму е 98 лица.

Слични содржини