Косовското обвинителство покрена истрага: Динамо Загреб го наместил натпреварот со Балкани?

од Nikola Popovski

Загрепски Динамо и косовски Балкани се сомничат дека го наместиле натпреварот во групната фаза од оваа сезона во Конференциската лига. На натпреварот кој се одиграл во Сува Река, на отворањето на групата Ц, домашниот тим Балкани издвојува победа против хрватскиот тим со головите на Алмир Крјезију во 44. минута и Валид Хамиди во 83. минута од натпреварот.

Косовскиот весник „Nacionale“ ја објави веста дека постојат сериозни сомнежи дека натпреварот е наместен. Мечот се одигра во октомври минатата година, а дури сега е ставен под истрага поради сомнеж дека е наместен.

„Потврдувам дека се преземени сите правни дејствија по ова прашање“, изјавила Лаурета Улај од Обвинителството во Приштина.

Натпреварот предизвика сомнеж и по самото завршување, со оглед на тоа што хрватскиот претставник беше фаворит против тимот кој имаше најмал коефициент во третото по ранг натпреварување на УЕФА.

По тој пораз следеа уште два порази за „модрите“ од Викторија Плзењ, но и покрај очајниот старт успеаја да ја минат групната фаза и да се пласираат во осминафиналето каде што беа елиминирани од ПАОК.

Слични содржини