Костадинов: Мицкоски не магистрирал и не докторирал во Италија и Германија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Уште еден ден без одговори од Христијан Мицкоски за неговите лаги, за лажната магистратура, за лажниот докторат, наводно стекнати во Италија и Германија. На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски кажа дека бил магистрант и докторант во Германија и Италија. Сега никаде го нема, молчи, се крие“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Секој ден го повикуваме да каже зошто ги лажеше граѓаните, зошто го лажеше премиерот Борисов. Фактите потврдуваат, Мицкоски. Ова е рефератот, Извештајот од изборот на Христијан Мицкоски за професор на Машинскиот факултет во Скопје, објавен во Билтенот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. На ниту едно место во овој документ, ниту во биографските податоци, ниту во која било биографија на Мицкоски не стои дека тој магистрирал и докторирал во Германија и Италија“, посочува Костадинов.

Слични содржини