Костадинов: Пописот ќе се спроведе безбедно, неопходна статистичка операција ни е по 20 години

Во рамки на денешната прес конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на новинарско прашање одговори дека партијата на власт дава се од себе да се справи со Ковид кризата, и оттаму и пописот кој почна со електронското попишување на дијаспората, а ќе заврши со физичкиот попис на населението во С.Македонија, ќе биде спроведен безбедно и согласно сите протоколи.

„ Секако дека како одговорна партија и како парламентарно мнозинство и како Влада којашто навистина дава се од себе за справување со оваа пандемија од Ковид 19 вирусот, вреди да упатиме порака до граѓаните дека навистина пописот како статистичка операција ќе биде безбеден.

Овде државата гарантира дека попишувачите максимално ќе ги почитуваат јасно утврдените здравствени протоколи, се со цел за да го заштитат здравјето свое но секако и на граѓаните.

Фактот дека 20 години немаме спроведено попис како статистичка операција секако не упатува на тоа дека навистина таквата операција е неопходна и е во интерес и на граѓаните и на државата“, порача Костадинов.

Слични содржини