Костадиновска-Стојчевска: Сите партии го поздравија Законот за употреба на македонскиот јазик со кој ќе се зголеми важноста на лекторите

од Vladimir Zorba

Првото читање за предлог-законот за употребата на македонскиот јазик во комисиската расправа помина во пријатна атмосфера и драго ми е што се надминаа пречките што постоеја во таа комисија, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во МРТ.

-Сите политички партии го поздравија носењето на ваков закон. Го должиме како генерација и како политичари на оваа држава. Ги нотиравме природните промени на јазикот и тие треба да се пресликаат онака каква што е реалната состојба, рече министерката.

Според Костадиновска-Стојчевска новиот закон е од исклучителна важноста, бидејќи ја регулира правилната употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

-Со него се зголемува улогата и важноста на лекторите. Секоја институција ќе мора да има лектор за сите акти што една институција ги произведува. Секоја документација мора да биде лекторирана, информира министерката.

Слични содржини