Костов со апел: Ве молам, што е можно побрзо примете ја вакцината

од Берта Китинска

Знам дека доаѓаат празници колку и да звучи чудно да не се групираат. Секоја кафеана има протокол, може да влезат само вакцинирани лица, има протокол за максималниот број на гости и сметам дека сите треба даги почитуваат протоколите и пропишаните мерки и за кафеанското работење, но и за дружбата по дома со цел да немаме поголем број заболувања од Ковид – 19, порача директорот директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов.

Тој уште еднаш укажа на важноста на вакцината за заштита од Ковид – 19.

„Најголем процент од болните кои завршуваат со летален исход се невкцинирани пациенти. Ве молам, што е можно побрзо примете ја вакцината“, апелира директорот Костов.

Тој информираше дека во моментов во болницата се лекуваат околу 50 пациенти позитивни на ковид и дека кај нив доаѓаат главно пациенти кои веќе биле сместени во некоја друга здравствена установа, со влошила клиничката слика. Старосната граница била од 30 години нагоре.

Слични содржини