Ковачевски: Македонскиот јазик и идентитет се втемелни во европското законодавство преку Договорот со ФРОНТЕКС

од Nikola Popovski

Горди сме како нација што овој договор е прв потпишан со ЕУ на македонски јазик, без додавки, фусноти или ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и идентитет, кои со овој документ се поставени на европско рамниште заедно со сите други јазици на членките од ЕУ. Тоа што Маричиќ, заедно со мене и министерот за надворешни работи го зборуваше минатата година, се потврди дека било вистина. Останува на оние кои што критикуваа и фрлаа со молотови коктели врз Собранието и Владата, во најмала рака на него и на министерот за надворешни работи да им се извинат, рече премиерот Димитар Ковачевски во Полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, каде на свечена церемонија ќе биде означено официјалното започнување на Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија.

Премиерот потенцира дека со документот со ФРОНТЕКС, македонскиот јазик и идентитет се неприкосновени и втемелени во европското законодавство.

-За нас ФРОНТЕКС значи заштита на границите, територијалниот интегритет и суверенитет, значи безбедност и мирен сон за нашите деца, значи справување со меѓународниот криминал, значи можност за примена на професионални европски стандарди. Служиме на интересите на граѓаните бидејќи се грижиме за луѓето и веруваме во европските вредности – гласи еден од постулатите на ФРОНТЕКС, кажа Ковачевски.

-Со решителни чекори продолжуваме со европската агенда. Свесни сме за предизвиците, за тежината со која понекогаш треба да се носат храбри одлуки, свесни сме и за дезинформациите што ги има и ќе ги има. Нема враќање назад кога верувате во праведна цел. Единствениот стабилен и безбеден пат е ЕУ, додаде премиерот во своето обраќање.

Слични содржини