Ковачевски: Не се врзуваме за датум

од Берта Китинска

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека за датуми во однос на почеток на преговорите со ЕУ не се врзуваме.

„Преговорите со Бугарија ги водиме на принципиелна основа односно врз основа на европски вредности и достоинство што неколку пати сум го кажал досега. Во овој момент Министерствата за надворешни работи како и досега комуницираат помеѓу себе, тие немаат усогласено документ кој може да биде основа за носење на одлуки во двете држави. Што се однесува до јуни како некој датум, точно е дека тогаш ќе се одржи Самит на ЕУ, меѓутоа ние не се врзуваме со датуми со оглед дека ни треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави, за кое ќе постои консензус бидејќи треба да претставува основа за градење на односите помеѓу двете држави во иднина како меѓу себе, така еден ден и во рамки на ЕУ“, изјави Ковачевски.

Слични содржини