Ковид бројки: 135 нови случаи, пријавено едно починато лице

од Берта Китинска

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.661 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 65, Битола – 19, Ресен – 8, Тетово – 6, Готивар, Охрид и Струмица – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Куманово и Струга – по 2, Велес, Кичево, Кочани,Неготино, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Битола – 19, Прилеп – 4, Тетово, Кавадарци и Кичево – по 3, Берово и Куманово – по 2, Гостивар, Охрид, Гевгелија, Кочани, Неготино и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Охрид (78г), починато во болнички услови. Починато на ден 02.05.2022 година.

Направени се 1.661 тестови преку: ИЈЗ-217, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово-20, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-42, Авицена-40, Биотек-62, Систина-45, лабораторија Лаор-59, Синлаб-4, Ремедика-19, Плодност-14, Генеа-15, Никоб Лаб-137, ВФВ Медикал-29, Ели Медика Плус-16, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 647.

Досега во земјата се направени вкупно 2.025.083 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.925, бројот на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.

Слични содржини