Ковид пресек по градови: Вирусот веќе подолго време се шири во овие пет македонски града

од Берта Китинска

Вчерашниот биланс на 35  починати лица уште една  ја потврда  сериозноста на состојбата со Ковид 19 во земјава.

Вирусот веќе подолго време се шири во овие пет македонски града:

Скопје 24109, активни 9837
Прилеп 2608, активни 965
Тетово 3550, активни 989
Велес 1752, активни 770
Битола 1722, активни 863
Гостивар 2163, активни 793

Во неделниот извештајот на ИЈЗ се наведува дека регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.818, односно 24,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (1.496 или 20,0%), 30-39 (1.474 или 19,7%), 50-59 (1.348 или 18,0%) и 20-29 (978 или 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (85 или 1,6%) и 10-19 години (287 или 3,8%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.099 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 44,7% повеќе во споредба со минатата недела.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687.

 

Слични содржини