Крах на туристичката сезона во Црна Гора: Келнер во смена заработил само 1 евро

од Aleksandar Petrovski

Сезоната во Црна Гора никогаш не доживеала ваков крах, поради пандемијата на коронавирус и затворањето на границите.
Ова го покажуваат и фотографиите од плажите.

Така, на пример, плажата во Бечичи е целосно празна, и не само што нема никој на лежалките, туку сè е пусто.

Угостителите се жалат дека скоро никогаш не било вакво, а келнерот во едно кафуле се пожалил дека заработил само едно евро во првата смена.

Никој не може да го предвиди исходот од сезоната, затоа што од ден на ден, поради пандемијата, особено во земјите од регионот, одлуките на надлежните се менуваат и се преземаат мерки за сузбивање на ширењето на вирусот, пренесува српски „Курир“.

Слични содржини