„Кралот на бананите“ ја купи Адриа: Пропаднатата компанија продадена за 45 милиони евра

од Nikola Popovski

Компанијата „Ер Адријатик“, сопственост на Изет Растодер, ја купи неуспешната авиокомпанија „Адриа ервејс“ за 45.000 евра.

Според порталот „Ex-Yu Aviation“, Растодер, увозник и продавач на банани, како и трговец со недвижнини, ја основал Ер Адријатик само неколку дена откако Адриа пропадна,  на крајот на септември минатата година.

Растодер порано изјави дека планира да го искористи AOК сертификатот на Адриа за развој на приватен авио-превозник и е во процес на набавка на два авиони. Сепак, бизнисменот кој е роден во Црна Гора, преселен во Љубљана во 1986 година, исто така размислувал да основа нискобуџетен превозник со седиште во Љубљана.

Три компании учествуваа на аукцијата. Покрај победничкиот Ер Адријатик, во нив влегоа и Комфорија, хрватска компанија регистрирана во Словенија, како и Дил Аеро, новоформирана компанија во сопственост на поранешниот пилот на Адрија, Дејан Слодеј.

Сите инволвирани страни платиле 4.500 евра за да учествуваат на аукцијата.Покрај популарниот предлог низ медиумите на руски инвеститор,  да го рестартираат Адрија со набавка на нови авиони „Сухој суперџет 100“, тие не учествуваа во процесот на продажба.

Имотот на поранешната компанија е продаден како целина, и вклучува сертификација на АОК, како и разни придружни лиценци и прирачници. Сертификатот на Адрија беше суспендиран до 30 септември 2020 година, меѓутоа, истиот ќе биде вратен откако ќе се исполнат одредени обврски со словенечката агенција за цивилно воздухопловство, вклучително и поседување на оперативни авиони.

Компанијата Растодер, исто така, ќе мора да преземе голем број на обврски, вклучително и оние што произлегоа по постапката за отповикување на сертификатот на авио-превозникот и покренување стечајна постапка. Словенечкиот АОК му дава на сопственикот право да одржува трговски линии меѓу Словенија и другите земји-членки на ЕУ.

Слични содржини