Кривична и притвор за скопјанец поради обид за убиство

од Vladimir Zorba

Кривична пријава за обид за убиство е поднесена против 36-годишен скопјанец кој на 22-ти овој месец со огнено оружје му нанел повреда на друго лице.

– На 22.02.2024 околу 14:20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Против А.К. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје и одреден му е притвор од 30 дена.

Слични содржини