Крвава пресметка во Хрватска: Покрената истрага за обид за убиство против двајца Македонци

од Nikola Popovski

По тепачка меѓу двајца државјани на Северна Македонија и тројца хрватски државјани во Умаг на бензинска пумпа на 13 ноември, државното правобранителство на Пула покрена истрага против нив, квалификувајќи го делото како обид за убиство, извести тамошното Државно правобранителство, јавуваат хрватските медиуми.

Имено, постои сомнение дека 32-годишен и 38-годишен државјанин на Македонија околу 2 часот по полноќ физички нападнале тројца Хрвати на паркинг на бензинска пумпа во Умаг.

Првопријавениот, 32-годишен маж со македонска патна исправа, со остар предмет во пределот на градниот кош избодел 25-годишник и 29-годишник, при што двајцата се здобиле со тешки телесни повреди.

Обвинителството на округот Пула-Пола побарало од судијата да му одреди мерка притвор на 32-годишниот Македонец, а на второобвинетиот му одредило мерки на претпазливост и забрана да се приближува и да воспоставува контакт со сведоците и оштетените.

Слични содржини