Куманово: 18 кривични пријави за непочитување на изолација и самоизолација

од Берта Китинска

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане според евиденцијата на СВР Куманово во изолација се вкупно 207 лица, додека 40 лица потпишале изјави за самоизолација, информираше денеска кумановската полиција.

– Поднесени се 18 кривични пријави за непочитување на изолација и самоизолација и сите лица редовно се контролираат од страна на полициски службеници од СВР Куманово-соопштија од СВР Куманово.

Слични содржини