Кумановските пожарникари спречија Пожарот во Бељаковце да зафати напуштени куќи

од Radmila Tasevska

Кумановските пожарникари  спречија огнот да се приближи до напуштените куќи во кумановското село Бељаковце, соопштија од Центарот за управување со кризи.

-Пожарот над кумановското село Бељаковце, што избувна попладнево се приближи до неколку стари најверојатно, напуштени куќи но благодарение на благовремената интервенција на кумановските пожарникари огнот е сопрен на безбедно растојание, изјави директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.

И минатата недела имаше пожар во ова село и беше зафатена поголема површина на сува трева, стрништа.

Слични содржини