Кумановци уживаат во звуците на тамбурашкиот фестивал

од desk4

Кумановци вчера имаа можност да уживаат во звуците на тамбурата на првата фестивалска вечер од оваа меѓународна манифестација, што се одржа на градскиот плоштад.

Фестивалот   го   отвори  градоначалникот Максим  Димитриевски,  кој   ги  поздрави присутните, а во своето обраќање истакна дека тамбурашкиот фестивал кој прерасна во традиција, со својата богата и квалитетна програма прави Куманово да биде град на културата во вистинска смисла на зборот.

Пред кумановци на првата фестивалска вечер настапија домашниот   тамбурашки оркестар „Кумановски тамбураши“ со вокалните солисти Нино Величковски и Сандра Милковска, оркестарот „Велос“ од Нови Сад, „Пљевља“ од Црна Гора со вокалниот солист Тања Шетер, како и големиот тамбурашки оркестар на радио телевизија Војводина од Нови Сад со специјалниот гост на вечерта – Биљана Биља Крстиќ.

Втората фестивалска вечер започнува вечерва во 20:30 часот  на градскиот плоштад.

Слични содржини