Курц го чуваат Кобри, му се заканија со смрт

од desk2

 

На австрискиот канцелар Себастијан Курц зголемено му е обезбедувањето поради закани сос мрт откако одлучи да затвори седум џамии и да го протера имамот.

Преку социјалните мрежи на австрискиот канцелар му порачаа да се подготви за убиство.

„Подготви се да умреш“ или „Сакаш ли војна“, се некои од заканите, но му пишуваат и дека е ционист, дека не е христијанин, туку евреин.

„Ти си слуга на масоните. Те мразиме. Ќе бидеш искористен и тогаш ќе се најдеш во кутија“.

Сојузната служба за заштита на уставноста и борба против тероризам покрена истрага против тие што ги пратија пораките, Обезбедувањето на канцеларот е зголемено и неговиот стан постојано го обезбедуваат „Кобри“.

Слични содржини