Кутињо одби да влезе во игра против Селта

од Vladimir Zorba

Бразилецот Фелипе Кутињо одби да влезе во игра на натпреварот на Барселона на гостувањето кај Селта во Виго.

Проблемите на Барселона никогаш не завршуваат. Иако пристигна Чави, што требаше да значи доаѓање на подобри денови, Бразилецот Кутињо направи нов хаос.

На крајот од првото полувреме од натпреварот во Виго, заменик тренерот Бархуан го повика да влезе во игра и да го замени повредениот Ансу Фати.

Сепак, тој одби, па во игра мораше да влезе младиот Алехандро Балде.

И покрај маките на каталонскиот клуб, тимот поведе со 3:0 на овој натпревар, а на крајот со голот на Јаго Аспас во 96. минута го испушти триумфот за 3:3.

За потсетување, Кутињо беше платен 160.000.000 евра на Ливерпул, но тој не ги оправда тие пари.

Особено не со овој потег.

Слични содржини