Лајчак: Разговорите меѓу Белград и Приштина продолжуваат следната година

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во четвртокот изјави дека финансиските и имотните побарувања биле разгледани на состанокот на преговарачите меѓу двете страни во Брисел и разговорите ќе продолжат следната година.

Лајчак, со пораката дека седмиот состанок на експертско ниво се одржа во Брисел, на својот Твитер профилот објави слика со директорот на Кабинетот на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петро Петковиќ и главниот преговарач за Приштина, Скендер Хисени.

Делегациите на Белград и Приштина по вчерашната средба потврдија дека е договорено разговорите на ниво на експерти да продолжат и по празниците, во јануари.

До овој момент нема најава за можна нова средба на високо политичко ниво во рамките на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, ниту можност за враќање на албанската страна на маса кога станува збор за спроведување на договорот за формирање на Унија на српски општини на Косово и Метохија.

Слични содржини