Лампард: Предизвикот да се спаси Евертон е поголем отколку кога станав шампион во ПЛ

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Евертон, Френк Лампард, призна дека доколку успее да го спаси местото на тимот во Премиер лигата, тоа ќе биде негов најголем успех во досегашната тренерска кариера.

„Кога ја доживуваш битката за опстанок, тоа целосно те исцрпува, но сакаш да ја направиш вистинската работа бидејќи гледаш колку е тоа важно за клубот“, изјави легендата на Челси пред вечерашниот натпревар на неговиот тим против Ватфорд.

„Предизвикот да се спаси Евертон е поголем отколку кога станав шампион во Премиер лигата бидејќи сфаќам колку е важно за клубот. Освен тоа, финансискиот аспект е многу поважен отколку што можете да замислите“, беше искрен Лампард.

Слични содржини