Лацио размислува дали да му понуди договор на Марсело

од Vladimir Zorba

Лацио започна преговори со претставниците на Марсело, соопштува „Газета дело спорт“.

„Орлите“ се обидуваат да одговорат на градскиот ривал Рома кој потпиша со Пауло Дибала, со тоа што ќе донесат големо име. 34-годишниот Бразилец е слободен играч откако му истече договорот со Реал Мадрид.

Интерес за Марсело има многу клубови, но малку се оние кои се подготвени да ги исполнат неговите финансиски барања. Тој сака 3-годишен договор и плата од 2,5 милиони евра по сезона.

Лацио размислува да го ангажира, а единствената грижа на клубот е физичката состојба на играчот.

Сепак, според новинарот Николо Шира, Римјаните не преговараат со Бразилецот.

Слични содржини