Лазаревска: Многу „јаки“ мажи вмровциве – нивната мизогенија преминува во опсесија

од Nikola Popovski

Пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска ги осуди вчерашните обвинувања на пратеникот Драган Ковачки кон министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Според неа, веќе втор пат по ред пратеничките прашања завршуваат со груб атак, навреди кон жена, омаловажување и недостојни инсинуации од страна на опозиционер.

-Многу „јаки“ мажи овие вмровциве. Не знам што е во прашање, дали се докажуваат кој е поголемо мажиште или едноставно нивнито вистинско лице излегува на виделина, но очигледно волкот си го менува влакното, но не и навиките.

Станува очигледно дека ваквите испади само покажуваат колкаво лицемерие и стереотипи владеат во оваа партија.

Веќе станува јасно дека нивниот однос кон жените воопшто не се сменил и воопшто не евоулирал во однос на прашањето на родовата еднаквост. Нивната мизогенија преминува во опсесија, дно под дното, нема подолу, објави Лазаревска на социјалните мрежи.

Вчера Ковачки порача на премиерот дека треба да ја разреши Петровска затоа што, како што порача, се работи за неспособна личност да извршува таква функција која е подолго време на седативи. Тој притоа покажа извештај од специјалист-психијатар.

Слични содржини