Лазаревска: Одлуката на УНЕСКО е признание за преземените конкретни мерки

од Nikola Popovski

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со консензус донесе одлука природното и културното наследство на нашиот Охридски регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, а со тоа се препознаени заложбите и конкретните мерки кои ги преземаат парламентарното мнозинство, Владата и локалната самоуправа, рече на денешната прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска.

„Ова е признание за преземените конкретни мерки, за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот регион, но и силно и гласно предупредување дека сите мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство. Ова не значи дека работата е завршена, пред нас се бројни предизвици но со максимална ангажираност и посветеност заеднички ќе ги надминеме“, нагласи Лазаревска.

Таа го повтори ставот на Владата дека во периодот што претстои, заедно со Албанија, ќе биде засилена соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел целосна имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Слични содржини