Лејди Гага: Секој ден размислувам за самоубиство (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Во новото интервју за Си-Би-Ес, поп-sвездата Лејди Гага зборуваше за своето ментално здравје, изјавувајќи дека хроничната депресија ја спречувало да го сними неодамна објавениот студиски албум „Хроматика“. Таа исто така изјави дека размислува за самоубиство секој ден.

„Тотално се откажав од себе. Мразам да бидам славна. Се чувствувам истрошено и искористено. Не ја гледам поентата на мојот живот, освен што сум им потребна на родителите и сестра ми. За тоа размислував секој ден во последните две години, рече таа.

На прашањето дали некогаш помислува на самоубиство, поп-ѕвездата кратко одговори „Да“.

„Живеев во куќа каде што луѓето ме следеа секој ден. Тие беа загрижени дека навистина ќе се самоубијам. Во моментов наоѓам начини повторно да ја сакам жената што ја нареков Лејди Гага. Сепак, мразам што станав славна“, додаде таа.

Гага беше многу отворена и порано кога станува збор за менталното здравје.

Пред неколку години, таа зборуваше за својата борба со хронична депресија и анксиозност. Таа и нејзината мајка Синтија, исто така, водат фондација за ментално здравје, наречена „Родена на овој начин“.

loading...

Слични содржини