Идеите за украсување на велигденските јајца не престануваат! За да ви помогнеме да го направите празникот уште повесел и шарен, ќе ви понудиме уште една интересна и најлесна идеја за подготовка на обоените јајца за Велигден.e39c7a211cb4d3fbfcf0e1fb4fcf340e

Што ви треба?
Варени јајца
Хартија во боја
Лепак

Користете варени јајца или пак свежи, но со извадена внатрешност само за декорација.

Исечете тенки лентички од обоената хартија . Секоја од нив исечете ја со ножици така што ќе се добијат реси во едниот крај на лентичката. Од другиот крај хартијата треба да остане густа и неисечена.
Залепете ја внимателно секоја лентичка врз јајцето , а секоја наредна лентичка залепете ја под претходната.

За подобар ефект користете различни нијанси на иста боја. Се разбира, можете да користите и радикално различни бои по ваш избор.

Лепете ги лентите на јајцето, додека не ја обложите целата негова површина.

Слични содржини