Летна чистка во Реал Мадрид: Зидан се откажа од пет фудбалери

од desk2

Оваа сезона е веќе загубена, но мислите на раководството и играчите на Реал Мадрид веќе се насочени кон наредната сезона, кога е првата шанса за исправање на грешките. Проблемите со составот беа очигледни оваа сезона, па затоа од ова лето неколку нови лица ќе го облечат белиот дрес, додека неколку несреќни фудбалери ќе си заминат од Сантијаго Бернабеу.

Навивачите го притиснаа раководството на Реал Мадрид уште од почетокот на сезоната и по две тренерски смени, конечно го добија назад нивниот фаворит – Зинедин Зидан. Следен чекор е засилување на составот. Но, за да се купат нови играчи, „кралевите“ ќе морат да се ослободат од неколку првотимци.

Зинедин Зидан веќе решил дека ќе се откаже од услугите на пет играчи од составот, пренесува шпанскиот весник AS. Помеѓу нив се веќе одамна отпишаниот Маријано Дијаз, потоа Маркос Љоренте, Тони Крос, Дани Себаљос и Герет Бејл, кој помина цела сезона во неизвесност дали е дел од иднината или минатото на клубот.

Поради огромната плата на Герет Бејл, сега Реал Мадрид е подготвен да го понуди Велшанецот како позајмен играч на некој од поголемите клубови во Европа на кои им е потребна помош на крилните позиции.

Листата на потенцијални засилувања е огромна, но едно име се одвојува од другите – Еден Азар, кој многу веројатно ќе го напушти Челзи по крајот на сезоната. Покрај него, се зборува и за Мауро Икарди, Пауло Дибала и Пол Погба како дел од метите на кои ќе се фокусира ракодовоството на Реал Мадрид во летниот преоден рок.

Слични содржини