Лишен од слобода македонски државјанин во Албанија за шверц на цигари

од Nikola Popovski

Албанското МВР уапсило македонски државјанин во албанското пристаниште Драч, при обид да шверцува цигари.

„Уапсено е лицето А.Ј. (44) жител од Република Северна Македонија, откако при претрес на неговото возило службите на граничната полиција во пристаништето Драч пронашле и како материјален доказ одзеле голема количина кутии со цигари, за кои постои сомневање дека се шверцувани, велат од албанската полиција.

Тоа според полицијата во рамки на акција „серија“, во која се откриени уште два случаи на недозволени дејствија на албански државјани, кои, како и македонскиот, пристигнале со траект од Италија.

Слични содржини