ЛИСТА: Коронавирусот забрзано се шири во овие седум македонски градови

од Берта Китинска

Секојдневно расте бројот на позтивни случаи со коронавирусов во земјава.

Комисијата за заразни болести, како што во петокот на Фејсбук најави министерот за здравство Венко Филипче, денеска би можело доколку е потребно, да и предложи на Владата дополнителен пакет мерки. Меѓу другото, можно е да биде предложено „целосна забрана за сите настани“ и „крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот“, напиша Филипче.

Скопје е на врвот на листата по бројот на активни случаи, еве кои градови од внатрешноста во моментов се потенцијални ковид жаришта:

Прилеп 925, активни 227
Тетово 1722, активни 291
Битола 467, активни 155
Струмица 580, активни 360
Кочани 567, активни 205
Куманово 1 973, активни 218

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23 628, бројката на оздравени пациенти е 17 239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5 555.

Пораст на заразени од коронавирус во регионот

Црна Гора се најде на незавидно прво место по бројот на новозаболени на 100.000 жители, односно најлоша во Европа, од почетокот на пандемијата на ковид-19.

Словенечката влада доцна синоќа и официјално прогласи епидемија на коронавирус на целата територија на земјата, што ќе трае 30 дена, почнувајќи од денеска. Ова значи дека националниот план за заштита и спасување е активиран, но не се објавени дополнителни ограничувачки мерки.

Хрватската Влада предупреди на колапс на здравствениот систем поради големиот број новозаразени. Во Хрватска, каде што бројот на заразени во последните три дена надминува 1.000, според последните податоци, во недела опаднал на 819 нови случаи и осум смртни случаи, а тестирани се нешто помалку од 5.000. Вчера , во Србија беа потврдени 214 нови случаи на коронавирус, на основа на 3.325 тестирани примероци, а две лица починаа. Ова е петти ден по ред во Србија како се регистрираат над 200 новозаболени лица.

Поради новите бранови од коронавирусот во Европа, земјите ги заоструваат мерките за спречување на ширењето на заразата. Властите од Шпанија до Британија спроведоа нови строги мерки во услови на зголемени инфекции. Париз и осум други француски градови воведоа полициски час од 21 часот до 6 часот наутро. Бројот на потврдени случаи се зголемува и во Германија.

Слични содржини