Љубовен хороскоп од 9 до 15 јануари 2017

од Vladimir Zorba

Независноста, желбата за слобода и правото на избор ќе надвладеат оваа недела во љубовта. Полната месечина ќе биде причина за нарушување на добрата комуникација меѓу партнерите. Тоа ќе нè направи поемоционални и во најмала рака ќе сме склони да правиме големи проблеми. Што ве очекува според зодијачкиот знак, видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Една емотивна недела претстои за овните. Романтиката нема да биде толку изразена и ќе треба да балансира меѓу работата и семејството. Можно е да почувствувате несигурност за тоа каде да вложите енергија. Стресот ќе биде повеќе од љубовните емоции , но за среќа партнерот ќе ви ја даде својата поддршка и ќе успеете да ја надминете кризата.

Бик
Важно е за врзаните претставници на зодијачкиот знак многу да внимаваат што зборуваат на партнерот, за да не жалат во подоцнежна фаза. Во исто време некои од вас може да се почувствуваат разочарани од ново познанство. Затоа е важно да нема претходно очекувања, за да не останете непријатно изненадени.

Близнаци
Оние од вас кои се наоѓаат во врска е добро да внимаваат со финансиите, за да не се вратат назад. Ќе има голем број искушенија пред вас, но забавете го темпото. Воопшто внимавајте со одлуките оваа недела, бидејќи тие можат да влијаат на вашата врска. Ако не сте внимателни, ќе страдаат љубовта и парите. Запомнете дека она што досега беше “наше”, нема како одеднаш да стане “само мое”.

Рак
Ова нема да биде најдобрата љубовна недела. Полната месечина во вашиот знак во четвртокот ќе ве натера да побарате повеќе осаменост. Партнерот може да се покаже како тампон за вашите измешани емоции во кои нема да недостасува и гнев. А сепак, почитувајте ги чувствата на саканата, бидејќи во спротивно може да ја загрозите врската.

Лав
Било какви грижи во врска со работата можат да ве одалечат од романтиката, но ако сепак успеете да ја одржите хармонијата во љубовта, по четвртокот ќе бидете наградени. Тогаш може да очекувате од саканата многу позитивни емоции, прекрасни интимни моменти. А, тој или таа ќе знае што точно ви треба. Можно е да ја најдете вашата сродна душа.

Девица
Ако сте неженети/немажени и добиете непристоен предлог за секс за една ноќ може да имате дилеми дали да се впуштите во оваа љубовна афера или не. Ако е така, подобро продолжете напред. Оние од вас кои се наоѓаат во врска, по четврток можат да го очекуваат најслаткиот израз на љубов. Уживајте во емоциите и не мислете за ништо друго.

Вага
Некои од вас можеби почнаа канцелариска романса. Ако таа е тајна, може да се помеша нешто. Можно е колегите или шефот да се обидат да ги спречат односите, особено ако тоа е против корпоративната политика. Ако немате таква забрана, едноставно се оддавате на пријатните емоции.
Скорпија
Ништо нема да застане на патот на љубовта оваа недела. Искористете ги предностите на секоја ситуација. Иако според ѕвездената карта тешкотии нема да недостигаат, со саканата сте цврсто решени да ги надминете заедно. Во четвртокот ќе влијаете на поголемиот дел од врската на Венера и Нептун. Можеби веќе сте пронашле сродна душа и за вас тоа е сè што има значење.

Стрелец
Проблеми нема да недостасуваат и за врзаните стрелци. Можно е да бидете разочарани од партнерот кој можеби ќе потроши повеќе пари од потребното, кои можат да се покажат и ваши. На пат сте невнимателно да изгубите средства кои долго сте ги собирале. Комуникацијата со партнерот во овој момент е клучна.

Јарец
Семејните проблеми ќе се покажат како директна закана за вашата врска. Емоционална ситуација ќе се покаже како причината за раздорот. Направете сé што, заедно со партнерот ќе ги стабилизира односите. Тој или таа може да бидат афектирани, па затоа ќе треба да вложите повеќе напори за да ги поправите работите, особено ако се случуваат по ваша вина.

Водолија
Добро е да се види во комуникацијата со партнерот. Во подоцнежна фаза е можно да зажалите. Војната на зборови не е решение на проблемите, како и потсетување за нечие минато.

Затоа оваа недела избегнувајте ги важните разговори и премислувајте ги вашите постапки.

Риби
Вашиот љубовен живот може да биде доста емотивен оваа недела. Полна месечина во четвртокот  се заканува на романтиката. Можно е да сфатите дека тој или таа не одговараат на вашите емоционални потреби. Ако тоа се случи, подобро откријте го она што го мислите. Една врска никогаш не треба да биде емоционално незадоволителна.

Слични содржини