Луѓето кои страдаат од анксиозност, го гледаат светот на поинаков начин

од Vladimir Zorba

Ново истражување објаснува зошто некои луѓе се повеќе склони кон анксиозност и напнатост. Всушност, тврди истражувањето, луѓето кои доживуваат повисоки нивоа на анксиозност, го гледаат светот на поинаков начин, пишува Psy Blog.

1476777622-shutterstock-244913731

Кога се вознемирени, тие имаат тешкотии да разликуваат работи кои се сигурни, и работи кои не се сигурни.

Овие луѓе имаат тенденција да го генерализираат емоционалниот одговор на ситуации кои сами по себе не се провокативни. Ова може да објасни зошто некои се склони да доживуваат анксиозност од други.

“Ние покажавме дека кај пациенти со анксиозност емотивниот одговор генерира пластичност во мозочните кола, која трае и по прекинот на стимулот кој ги предизвикал.

Пациенти со анксиозност реагираат емоционално на нови иницијативи, бидејќи тие не успеваат да разликуваат претходниот стимул од следниот. Она што е поважно е дека пациентите не можат да ја контролираат оваа состојба, бидејќи тоа е на многу ниско, восприемачко ниво. “

Слични содржини