Мајка со солзи во очите испрати порака: Ние не сме неработници, ние сме мајки кои се грижат за своите деца

од Берта Китинска

Загрижените мајки од одлуката на Владата која реши да го прекине продолженото породолино отсуство ги натера да излезат на улица и да протестираат.

Укинувањето на оваа мерка и враќањето на работа од 23 септември ќе ги принуди да дадат отказ од работа, бидејќи нема кој да им ги чува, кажаа присутните на протест пред Владата.

-Ние не сме неработници, ние сме мајки кои се грижат за своите деца. Ние имаме кариери сакаме да се вратиме на работа , но сакаме децата да ни бидат безбедно згрижени, изјави една од мајките која беше дел од денешниот протест пред владата.

Но, иако тие излегоа на протест вчера министерот за здравство Венко Филипче упати јасна порака до сите родители:

– Како министер за здравство, но и како родител, свесен сум за предизвиците со кои се соочуваат родителите во овој период. Знам дека не е лесно да се прилагодиме на сите промени во работењето и во образовниот процес на своите деца. Но оваа состојба ќе трае и ние мора да најдеме начин да го продолжиме и работењето и образованието на децата на нов начин. Тоа бара жртва и многу напор и за жал нема идеални решенија. Значи мора да се вратиме на работните места, мора да придонесеме да се врати продуктивноста затоа што тоа се случува насекаде во светот. Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021 година, мора да се научиме да ги почитуваме превентивните мерки и протоколите кои ги има за апсолутно сите економски оператори, угостителски објекти компании, фабрики училишта градинки, едноставно тоа ќе биде нашиот живот.

Слични содржини