Мајката на усмртениот Михалис скршена од болка: Дојдоа од странска земја и ми го убија детето

од Nikola Popovski

Мајката на усмртениот Михалис Кацурис страда од моментот кога дознала за смртта на нејзиниот 29-годишен син, а единствено што сака сега е полицијата да го пронајде убиецот и да го изведе пред лицето на правдата.

„Барам правда. Барам да се најде тој што го направи тоа зло на моето дете“, изјавила неутешната мајка за грчката телевизија „Стар“ и продолжила:

„Тој беше дете со силен карактер, беше религиозен и го сакаше АЕК“.

Мајката раскажала што се случило на тој кобен ден.

Се врати од работа, се одмори и рече дека ќе оди во кафулето пред стадионот. За жал, после тоа никогаш повеќе не го видов жив. Се скршив кога стигнав во болница и слушнав за неговата смрт. Реков дека повеќе би сакала да завршам со него отколку да продолжам да живеам. Животот ми престана со неговата смрт, низ солзи се присетувала мајката на настаните од пред осум дена.

Вели дека два дена ја држеле во болница и ја пуштиле кога ѝ се смирила здравствената состојба. Истакнува дека сега секој ден го посетува гробот на својот син. Потенцира дека нема добри зборови за убиецот и е убедена дека тој е убиен од хрватски навивачи.

Тоа не се луѓе. Дојдоа од странска земја и ми го убија детето. Верувам дека ќе го пронајдат убиецот, повторила таа, сепак во неверување дека сето тоа се случило.

Голема поддршка и утеха добива од нејзиниот втор син, кој исто така се надева дека убиецот ќе биде пронајден и изведен на суд.

АЕК му беше втор дом, а тие (хрватските навивачи) дојдоа и го нападнаа додека пиеше кафе со другарите. Се бранеше, рекол братот на убиениот Михалис.

Слични содржини