Македонија си поигра со Јапонија

од desk2

Македонската ракометна репрезентација со високи 38:29 ја совлада репрезентацијата на Јапонија, на првиот натпревар на Светското ракометно првенство во Германија и Данска.

Од првит минути Македонија се одлепи на плус три, за потоа преку целиот натпревар да одржува разлика од пет гола, а со таа разлика појде и на полувреме (13:18).

Во второто полувреме разликата почна да се зголемува, за конечни (29:38), со што може да бидеме задовони. Но, овој натпревар покажа дека нашиот репрезентативен тим треба да поработи на одбраната, затоа што од Јапонија примени 29 гола се многу.

Иако, голманот Борко Ристовски, успеа да одбрани дури 20 гола, сепак, останува впечатокот дека одбраната ни е слаба.

За два дена играме со Бахреин, а потоа со Хрватска, Шпанија и Исланд. Се надеваме дека нашите момци ќе успеат да изборат пласман во главната фаза, за продолжување на настапот на Светското првенство.

Слични содржини