Македонските ракометарки ги добија противничките на ЕП

од Симе Стоиков

Женската ракометна репрезентација на Македонија предмалку ги доби противниците на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28. ноември до 15 декември годинава.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја одржа ждрепката за групната фаза на ова натпреварување во своето седиште во Виена.

Пред извлекувањето беше јасно дека Македонија не може да се судри со Словенија, Хрватска, Полска, Исланд и Србија, кои беа во истиот шешир.

Македонските ракометарки се најдоа во групата А со домаќинот Унгарија, Шведска и Турција, а дуелите од оваа група ќе се играат во Дебрецин.

За женската ракометна репрезентација ова ќе биде седмо учество на Европските првенства, а за потсетување на последното играно ЕП токму нашата држава беше еден од ко-организаторите.

Слични содржини