Макрон: Без сомнение, Русија злонамерно ќе ja таргетира Олимпијадата во Париз

од Симе Стоиков

Францускиот претседател Емануел Макрон „не се сомнева“ дека Русија „злонамерно ќе ги таргетира“ Олимписките игри во Париз летово и, како што рече, „во информативна смисла“.

„Немам дилеми“, рече Макрон, одговарајќи на новинарско прашање дали мисли дека Русија „ќе се обиде да ги таргетира“ Олимписките игри, пренесува АФП.

„Тоа е, исто така, причината зошто мораме да се држиме. Цврстината, самодовербата, односот со вистината се силните страни на демократијата и големите нации“, додаде тој.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат во сложена глобална позадина, со војната на Русија во Украина и конфликтот на Израел со Хамас во Газа кои ги комплицираат напорите за одржување на безбедноста на Игрите.

Слични содржини